Бугарските министри од техничкиот кабинет на привремениот премиер Стефан Јанев предложиле ратификација на трипартитен договор за донација на вакцина против Ковид-19, објавиле по средбата од прес центарот на Советот на министри.
Советот на министри усвоил Одлука за предлог до Националното собрание за ратификација на трипартитниот договор за донации до и помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија со вакцините на компанијата Фајзер/Бионтек.
Договорите предвидуваат донација од 51.480 дози на вакцината. Договорот предвидуваат сите трошоци за испорака да бидат на товар на Република Северна Македонија.
На истата седница, било предложено Собранието да го ратификува Договорот за препродажба на вакцини од и помеѓу Република Бугарија и Кралството Норвешка во врска со дози на компанијата Модерна. Договорот предвидува препродажба на 100.000 дози од вакцината.