Лука Дончиќ сака да го гледа Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Олимписките игри, поради што директно им се обрати на организаторите.
Еден од најдобрите кошаркари во светот, репрезентативецот на Словенија, сака да го испрати дуелот на Новак против Александар Зверев во полуфиналето на Олимписките игри.
Тој одлучи директно на Твитер да изврши мал притисок и да добие привилегија, што малкумина ја имаат поради пандемијата на коронавирус.
На спортистите им беше забрането да присуствуваат на туѓи настани, а тоа беше една од причините зошто Новак беше во дилема дали воопшто ќе настапи.
Словенија во петок е слободна и не игра на Игрите, па Дончиќ сакаше времето надвор од тренинзите да го искористи за полуфиналето на тенискиот турнир.
За време на сезоната во НБА, тој нема можност да го гледа Новак во живо и затоа сега не сака да го пропушти кога е на чекор до него.
„Еј, Олимпијадо, како можеме да одиме да гледаме тенис во полуфиналето? Ве молиме помогнете“, напиша Дончиќ.
Hey @Olympics how can we go watch tennis semifinals?😊 please help 😁😁
— Luka Doncic (@luka7doncic) July 30, 2021