378
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постигна 27 поени, осум асистенции и седум скока ноќеска на дуелот со Сакраменто (106:110) во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Дончиќ стана првиот играч во последните три децении што дал 20 или повеќе поени на 19 натпревари во низа, со остварени пет или повеќе скокови и асистенции.
Словенецот го надмина достигнувањето на легендарниот Мајкл Џордан остварено во 1989 година. Тогаш „летечкиот“ Џордан беше во таква серија кога играше за Чикаго.
Најдобар резултат во историјата на НБА е на Оскар Робертсон, кој н а29 натпревари во низа има такви статистички показатели. Робертсон го постави рекорд во сезоната 1964/65 кога играше за Синсинати.