Дончиќ: Никогаш не би играл за Барселона, Реал е моето семејство

од Aleksandar Petrovski
338 прегледи

Лука Дончиќ се појави на кошаркарската сцена како тинејџер во составот на Реал (Мадрид), а „белите“ и понатаму имаат посебно место во неговото срце, иако веќе втора сезона е далеку од Шпанија.

Дваесет-годишниот Словенец настапува исклучително добро во НБА лигата во дресот на Далас, а на една од неговите последни средби со медиумите, тој беше запрашан од шпански новинар дали ќе ги следи стапките на Никола Миротиќ.

Во текот на летото, Миротиќ, кој исто така е дете на Реал Мадрид, избра да ја напушти НБА лигата за да потпише долгорочен, прилично профитабилен договор со Барселона.

– Никогаш не би играл за Барселона. Реал е моето семејство. Ми недостасува се, особено соиграчите, прокоментира Дончиќ

Тој додаде дека не е изненаден што навивачите на Реал Мадрид го исвиркале Миротиќ порано во текот на неделата кога се судрија двата гиганти во Евролигата.

– Верувам дека тој беше свесен за тоа што се случува. Не е нормално. Тој не само што играше за Мадрид, туку се изгради и во Реал Мадрид, додаде Словенецот.

Слични содржини