Словенецот Лука Дончиќ се врати на паркетот по долго отсуство поради проблем со коронавирусот и повреда на скочниот зглоб. Потребен му беше само еден скок за да дојде до трипл-дабл во победата на Далас над Оклахома од 95-86.
Најдобриот кошаркар на клубот од Тексас пропушти дури десет натпревари и ова е негова најдолга серија на отсуство во кариерата. Но, состојбата со вирусот Ковид-19 не беше нималку наивна, а тоа го потврдуваат и зборовите на повратникот Лука Дончиќ.
„Беше тешко. Последен пат играв пет на пет беше пред четири недели. Чудно чувство, но навистина сум среќен што се враќам. Градите ми гореа, чудно чувство. Мислам дека полека ќе се вратам. Кога шутирав, чувството беше чудно. Не знаев дали топката ќе влезе или ќе излезе“, изјави Дончиќ.
Предводникот на Далас придонесе за победата над Оклахома со 14 поени, десет скока и девет асистенции.