Лос Анџелес Лејкерс по продолжение го совлада Њујорк Никс со резултат 113:109, а главен херој беше незапирливиот Лука Дончиќ. Лејкерси ја забележаа осмата последователна победа, а овој пат ја постигнаа по голема драма и продолженија. Сепак, со феноменалниот Лука Дончиќ, очигледно секоја драма за тимот од Лос Анџелес има среќен крај.
Словенечкиот ас на теренот мина 43 минути и за тоа време постигна 32 поени, седум скока и 12 асистенции. Погоди 5/11 за два, како и 4/12 за три поени. Покрај сето тоа имаше и четири украдени.
Заедно со Лука, херој во оваа победа беше и Леброн Џејмс со 31 поен, 12 скока и осум асистенции.
LUKA & LEBRON LEAD THE LAKERS TO THEIR 8TH STRAIGHT WIN 🙌
🌟 Luka: 32 PTS, 12 AST, 7 REB, 4 STL
🌟 LeBron: 31 PTS, 12 REB, 8 ASTLAL improves to 8-2 with Dončić in the lineup with a trip to Boston coming up on Saturday 🍿 pic.twitter.com/WrCNu8f6eL
— NBA (@NBA) March 7, 2025
Лејкерси водеа на крајот од првата четвртина, но Никс потоа направија пресврт и го задржаа водството до две минути до крајот на натпреварот. Потоа тројките на Леброн и Винсент донесоа нов пресврт, а на крајот Џејлен Брунсон погоди за дополнително продолжение.
Брансон беше главниот херој на Никс со 39 поени, четири скока и десет асистенции, но се повреди во последните минути, па Њујорк не можеше да се потпре на него кога беше најпотребно.
Дончиќ со серија од пет поени го отвори продолжението, па се водеше голема битка, но на десет секунди до крајот Леброн стави точка на мечот од линијата за слободни фрлања.