Дончиќ не се правда за напорниот распоред на Лејкерс: „Едноставно треба да бидеме подобри“

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ не бега од одговорност по поразот од 106:118 како гостин на Орландо во НБА лигата. Дончиќ за 38 минути на теренот заврши со 32 поени, 7 асистенции, 7 скока и 1 украдена топка.

„Мислам дека јас и Леброн сме тие што треба да го водат тимот. Очигледно, треба да се подобрам, да зборувам повеќе на теренот. Зборував во првото полувреме, но некако не бев толку гласен во второто и не треба да го правам тоа“, коментираше 26-годишниот кошаркар на Л.А. Лејкерс по натпреварот, цитиран од eurohoop.net.

„Платени сме да го правиме ова. Не треба да има изговори. Секој има тежок распоред во одреден момент“, рече Лука Дончиќ.

„Важно е да видиме како играме. Само треба да бидеме подобри“, додаде Дончиќ.

Слични содржини