Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси, со итар план ќе заработи неверојатна сума

од desk2
30 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видео

Лука Дончиќ и „Лос Анџелес Лејкерс“ договорија ново поглавје во плодотворната соработка. Словенечкиот кошаркар потпиша тригодишно продолжување на договорот, вредно околу 165 милиони долари, потврдија повеќе извори во НБА.

Иако се шпекулираше за негова потенцијална отвореност за враќање на источниот брег на САД или дури и во Далас, Дончиќ сепак реши да остане во Градот на ангелите, каде стигна минатата сезона преку замена со „Маверикс“.

Договорот што го потпиша Дончиќ е многу интересен – наместо максималното петгодишно продолжување кое евентуално би можел да го потпише да останеше во Далас, односно т.н. „супермакс“ договор вреден 335 милиони долари, Дончиќ го избра тригодишниот „ветеран макс“ со опција за заминување во 2028 година.

Според доброупатени извори во НБА, тоа не е направено случајно. Имено, Дончиќ во 2028 година ќе има 10 години искуство во НБА, што го квалификува за „супермакс“ до 35% „салари кеп“, односно потенцијален петгодишен договор што би надминал 417 милиони долари.

Во дресот на „Лејкерс“ Дончиќ на 28 меча досега, постигна 28,2 поени, 8,1 скок, 7,5 асистенции и 1,6 украдена топка.