Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ верува дека неговиот тим може да се пласира во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА, пренесуваат американските медиуми.
Кошаркарите на Далас поведоа со 2:1 во полуфиналето од плејофот на Западот, откако синоќа на домашен терен ја победија Оклахома со резултат 105:101.
„Верувам дека можеме да се пласираме во финалето. Но ќе биде тешко. Работата се уште не е завршена. Добивме два натпревари. Ни требаат уште две победи за финалето“, изјави Дончиќ.