Дончиќ си ја отвори душата: „Тажно и болно“

од Nikola Popovski
115 прегледи

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ откри колку му била тежок сензационалниот трејд од Далас Маверикс во Лејкерс. Дончиќ не беше третиран како што треба кога беше трејдуван, а дополнителна непријатност предизвикаа коментарите на генералниот директор на Мавси, Нико Харисон. Тоа го покажаа и постапките на словенечкиот кошаркар кој во таа прилика си го скршил мобилниот телефон.

„Тажно е да се слуша што зборува Нико по трејдот. Никогаш не сум кажал ништо лошо за него, само сакам да го оставам ова зад нас. Навивачите, поранешните соиграчи – ќе ги чувам сите во моето срце, но време е да продолжам понатаму“, рекол Дончиќ, додавајќи:

„Во зависност од тоа како гледате на тоа, може да биде болно. Претежно Мавси беа тие кои ги испраќаа тие зборови, а јас не сакав да одговорам. Вистина е дека не ги следам многу внимателно тие коментари, се обидувам да се фокусирам на мојата кариера“.

Далас минатата сезона со Дончиќ стигна до големото финале, каде беше поразен од Бостон, а тимот наводно бил фрустриран поради кондицијата на Словенецот и неговата недисциплина кога станува збор за исхраната, што била една од причините за бројните повреди.

Дека е емотивно повреден беше јасно по обраќањето на Дончиќ до навивачите на Далас.

„Бев во кревет кога дознав за трејдот. Телевизорот не ми работеше, па гледав филм на таблетот пред спиење. Веднаш се запрашав дали тоа е шега. Бев тажен, шокиран. Чувствував дека ми е скршено срцето. Сакав да ја завршам кариерата како играч на Далас, тоа е лесно прашање, но сега сакам да останам во Лејкерс”, изјавил Дончиќ во последното интервју.

Слични содржини