Лука Дончиќ брилјираше во победата на Лејкерси над Денвер. Словенечкиот репрезентативец беше најефикасен во Колорадо со 32 поени, десет скока и седум асистенции. Благодарение на неговата игра Лејкерси ја прекинаа серијата од девет последователни победи против тимот на Јокиќ.
Ова беше и најдобрата партија на Дончиќ откако пред три недели дојде во Лејкерс. Се чини дека Словенецот само што го „свари“ трејдот од Далас до Лос Анџелес.
На прашањето како му поминаа изминативе три недели, Лука Дончиќ низ насмевка рече: „Тешко, различно. Сепак, среќен сум што играм кошарка и секој ден ќе биде се подобро. Мило ми е што сум тука. Играњето со овие момци е одлично. Среќен сум поради ова ново „патување“, изјави Дончиќ по натпреварот.
Потоа се осврна на играњето со Леброн Џејмс.
„Мислам дека имаме уште многу простор за напредок. Ова е мојот само четврти натпревар, така што хемијата бара време. Но, по три натпревари, таа е се подобра. Ќе се подобрува секој ден“.
Потоа Дончиќ ги откри своите цели за оваа сезона.
„Мислам дека нашата цел, не мислам, знам дека нашата цел е да го освоиме шампионатот. Тоа е единствената цел. Ние го имаме тимот за тоа“, рече Дончиќ.