Донесена одлука за ограничени маржи: Кои производи ќе поевтинат и за колку?

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Владата одлучи да не попушти пред барањата на супермаркетите и трговците. Порачаа дека трговските маржи се превисоки. Оттаму донесена е одлука за скалесто ограничување на бруто-профитните маржи на над 1.000 прехранбени производи и средства за хигиена и утврдување на највисоката цена за осум најосновни производи што важела на 1-ви февруари. Според тоа, се предвидува поевтинување и до 10 проценти. Одлуката ќе стапи на сила по објавувањето во Службен весник и ќе важи до крајот на април.

На 5 отсто се ограничува бруто профитната маржа на основните осум прехранбени производи: млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.

На 10 отсто е ограничена маржата на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини.

На 15 отсто е ограничена маржата на свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.

Од СДСМ ја повикаа Владата да ги прифати нивните предлози за намалување и/или укинување на ДДВ за струја и храна.

-Со укинувањето на ДДВ за храна над 250 категории основни производи ќе поевтинат веднаш а тоа ќе донесе значително олеснување за граѓаните. Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува над 23.000 денари, што значи ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети, велат од „Бихаќка“.

Граѓаните се надеваат на пониски цени.

Анализата на Државниот инспекторат за животна средина покажа дека трговците на големо и оние на мало пресметуваат бруто профитна маржа од 20 до 25 проценти за основните производи за трговијата во мало и 20 до 50 проценти во трговијата на големо.

Слични содржини