Донесена одлука за тоа дали Зеленски ќе се обрати на доделувањето на Оскарите годинава

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Предлогот на украинскиот претседател Владимир Зеленски да зборува на церемонијата на доделувањето Оскари беше одбиен втора година по ред.

Зеленски настојуваше да се појави во телевизиската програма преку видео повик откако се појави на други културни настани, но барањето беше одбиено.

Оваа одлука е донесена по објавувањето на резултатите од неодамнешната анкета, според која американската поддршка за Украина е намалена.

Минатата година беше објавено дека извршниот продуцент на Оскарите, Вил Пакер, изразил загриженост доколку на Зеленски му биде дозволено да се појави затоа што „сите погодени од конфликтот во Украина се белци“, а претходните трагедии во кои беа вклучени луѓе со друга боја на кожа не добија исто внимание.

Во 2022 година, Зеленски се појави преку видео повик за време на Греми наградите и Златните глобуси, како и на филмските фестивали како Кан и Берлин.

Слични содржини