Докторот Михаел Донев, кој изврши преглед врз првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски по неговите тврдења дека не е во свесна и рационална состојба да го следи судењето против него, изјави дека тој може да учествува на процесот.

Јовановски
– Притисокот му е 140 со 100, се жали на болки, му дадовме дијазепам. Сметам дека може да присуствува на судењето, посочи Донев, по што судијката донесе одлука да се продолжи рочиштето.
Јовановски претходно изјави дека не се чувствува добро и дека не може да го следи судењето.
– Имав десет повраќања. Имам исклучителна желба активно да учествувам во судскиот процес. Немам добиено терапија за новата дијагноза што ми е најдена. Едноставно затворскиот доктор констатираше дека не можам да го следам судењето, но јас инсистирав да бидам донесен за да не биде дека одолговлекувам, но не сум во свесна и рационална состојба да го следам судското рочиште, изјави Боки 13, на прашање од судијката како се чувствува сега, рече Јовановски.
И.Р.
Фото: Борче Поповски