204
На денешната владина седница се прифатени измените и дополнувањата на Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2021 година и на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година.
Со измените и дополнувањата се обезбедуваат дополнителни 31.400.000,00 денари за изградба и реконструкција на основни училишта за 2021 година, како и дополнителни 2.800.000,00 денари за изградба и реконструкција на средни училишта во текот на оваа година.