Допрва ќе се избираат воен и дипломатски претставник во НАТО

од desk2
120 прегледи

На прагот на полноправното членство во НАТО, нашата земја уште извесно време ќе биде без свој воен и дипломатски претставник во седиштето на оваа организација во Брисел, пишува Независен весник.

Новиот претседател Стево Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, потпишал указ со кој го отповикал бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски од воен претставник на Северна Македонија во НАТО. Ѓоргоски, некогашен аѓутант на Ѓорге Иванов, всушност, воопшто не замина во Брисел, затоа што министерката за одбрана Радмила Шекеринска го искористи правото да не го испрати на должноста. Причина беше тоа што претходниот претседател го објави указот за неговото именување во период по распишувањето на претседателските избори, така што интервенираше и Антикорупциската комисија.

Фото: Б. Грданоски/ Независен весник

Извори од кабинетот на Пендаровски велат дека местото воен претставник во НАТО е празно подолго време, односно од враќањето на сегашниот началник на Генералштабот Васко Ѓурчиновски во земјава за да ја преземе новата функција. Сепак, како што велат изворите, на тоа место има вршител на должност, како што има и в.д. амбасадор во нашата дипломатска мисија во Алијансата, за каде што исто така не беше договорен дипломатски претставник меѓу поранешниот претседател и Владата.

Целиот текст ТУКА