Дорис Пак: Не смее да се замижи пред криминал само зошто се решило името!

од desk4
151 прегледи

Зошто не реагира ЕЕАС (Европската служба на надворешни работи). Решавањето на прашањето за името не значи да се затворат очи пред криминал. Ова го напиша Дорис пак, германската политичарка и претседателка на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија, како реакција за снимките од Рекет.

– Зошто не реагира ЕЕАС (Европската служба на надворешни работи)? Граѓаните ми пишуваат и ме повикуваат! Решавањето на прашањето со името не може да биде причина за затворање на очите пред криминалната реалност! Премиерот на Северна Македонија се споменува во третото продолжение од снимките“, пишува Пак на социјалната мрежа Твитер.

Деновиве се појавија снимки од италијанскиот весник ЛаВерита каде се слуша и гледа како Боки13 со бизнисменот Зоки Кичеец зема пари од Камчев. Се слуша и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева која му вели на Камчев дека „ќе се биде добро'”,а во денешната трета снимка Боки13 го спомнува и Заев. ИАко насловот е рекет, од разговорите се добива впечаток дека станува збор за поткуп, за да Камчев си ја купи слободата и како што вели сите да бидат задоволни,

Во последниот материјал се спомнува и премиерот Заев,каде Боки13 најавува дека ке го обработи премиерот, се обидува да добие доверба и дека му зборувал на премиерот за КАмчев. Во аудио снимката нес е наведува дали тоа била  случајна средба на некој прием, или снимање на Заев во телевизијата или специјална наменска средба за разговор каков сто се насочува дека бил

Премиерот денеска на Фејсбук отфли секаква комуникација од тој тим со Боки 13 , недосмислено изјави дека не е вмешан во случајот и дека Бојан Јовановски го злоупотребил неговото име.

-Случајот “Рекет” покажува дека она за што се боревме со граѓаните, сите ние заедно, стапува на сцена. Правдата е на потег. Секаде во светот, во било која земја каде власта одлучно и искрено создавала услови да се отвораат истраги против секого каде што имало и најмало сомневање, секаде било тешко и трауматично. Нема да е лесно и кај нас. Ќе биде тешко и ќе има трауми, но само така ќе бидеме држава каде владее правото, само така ќе бидеме држава каква што сите посакуваме.

Повикувам на темелна и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да донесе преземање одговорност, исклучиво согласно докази и согласно словото на правото. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви, порача Заебв

 

Спец обвинителката Катица  Јанева исто се огласи и кажа дека таа го барала Камчев за сведок во нова предистрага. Таа во своето обраќање преку соопштение на СЈО вели дека тие контакти и разговори се дел од работата  на неа како обвинителка која се обидува да го придобие осомничениот да соработува и да се спогоди за побкага казна со тоа што би изнел доверливи податоци за другите инволвирани во криминалите.

Катица Јанева за разговорите со Камчев со посредство на Боки13 тврди дека се дел од истрага!