Досега не е докажан пренос на вирусот во супермаркетите, рестораните или фризерските салони

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

„RTL Today“ се приклучи на прес-конференцијата на вирологот Хендрик Стрик во вторникот и достави извештај за неговите клучни изјави.

Стрик е професор по вирологија и директор на Институтот за вирологија и истражување на ХИВ на Универзитетот во Бон. Тој ја објасни методологијата на својата нова студија во Хајнсберг, „епицентарот“ на германската епидемија на КОВИД-19 и зборуваше за потенцијалните планови за една земја да оди напред постепено за да се врати на „нормалниот“ живот.

Во последните неколку недели, неговиот тим изврши значителни истражувања спроведени преку анкети и исптувања во домови низ регионот Хајнсберг – каде беа пријавени повеќе од 1.400 потврдени случаи. Хајнсберг има приближно население од 250.000 жители и потврди 46 смртни случаи поврзани со коронавирус.

Овие наоди од истражувањето веќе дадоа некои индикации за тоа како функционира вирусот, како што појасни Стрик:

„Нема значителен ризик од зараза со вирусот кога одите на шопинг. Тешките облици на инфекција секогаш биле резултат на блискост на луѓето на подолг временски период“, вели тој.

Тој исто така не можеше да најде докази за „живи“ вируси на површините.

„Кога зедовме примероци од рачки на вратите, телефоните или тоалетите, не беше можно да се пронајде вирусот во лабораторијата врз основа на овие брисеви“, додаде Стрик.

„За да се „фати“ вирусот, потребно е некој да се накашла во рака, веднаш да ја допре кваката на вратата, а веднаш потоа друго лице да ја фати кваката и да продолжи да го допира лицето“. Затоа, Стрик верува дека има мали шанси за пренесување преку контакт со таканаречени контаминирани површини.

Фактот дека КОВИД-19 е инфекција која се пренесува пркеу капки и не може да се пренесе преку воздухот, претходно го потврди и вирологот Кристијан Дростен од берлинскиот „Шарит“. Тој во едно интервју истакна дека коронавирусот е исклучително чувствителен на сушење, така што единствениот начин да се заразите е ако сте ги „вдишале капките“.

Сепак, постојат различни наоди за тоа како се шири коронавирусот. Експерти од американскиот институт за здравство ЦДЦ и НИХ дошле до заклучок дека вирусот може да преживее 24 часа на хартија, три часа во аеросоли и до три дена на пластика и не’рѓосувачки челик. Како што наведува Институтот Роберт Кох на нивната веб-страница, сепак, научните студии како оваа се реализираат во експериментални услови, поради што не се многу репрезентативни за ризикот од пренесување во секојдневниот живот.

Хајнсберг сега ќе биде центар за спроведување на друга студија, која оди подлабоко, со цел дополнително да процени како се шири вирусот и како може да се содржи. Студијата ќе биде проследена со репрезентативен примерок од 1.000 луѓе.

„Важно е да се добијат овие податоци за да се осигураме дека одлуките се донесуваат врз основа на факти, а не на претпоставки. Податоците треба да послужат како основа за информации за владата за да можат потоа да размислат за нивниот понатамошен тек на дејствување“, продолжува Стрик.

Стрек вели дека Хајнсберг нуди идеална ситуација да најде одговори за остатокот од Германија, можеби дури и за Европа или навистина за целиот свет.

Слични содржини