Досега Унгарија сепак не го отфрли барањето за екстрадиција

од desk4
112 прегледи

Сеуште не сме добиле одговор од властите во Унгарија во однос на нашето барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Ова го рече во Скопје , македонската министерка за правда, Ренета Десоска, во заедничката изјава со премиерот Зоран Заев.

“Ќе почекаме уште малку. Ако не добиеме одговор во предвидениот рок, тогаш ќе дејствуваме согласно процедурите. Сакам да потсетам дека до моментов Унгарија не е одбивала ниту едно наше барање за екстрадиција. Последното е од пред еден месец. Никогаш немало забелешки за правните и судските постапки, како и условите во затворите или дека постојат ризици за луѓето во Македонија “, рече Десковкса.

Таа изрази надеж дека “Унгарија ќе дејствува во согласност со сегашната практика и во случајот на Никола Груевски”.

Груевски избега од Македонија на 11 ноември. Ја преминал границата илегално со Албанија, а потоа патувал со унгарски дипломатски автомобил низ Црна Гора и Србија, за да пристигне во Будимпешта. На 20 ноември Груевски рече дека добил политички азил. Тој има двегодишна ефективна затворска казна што мора да ја издржи во Македонија. Груевски е под истрага за неколку потешки случаи на криминал и злоупотреба за време на неговото десетгодишно владеење.