Доставени три кандидатури за претседател на СДСМ, рокот истекува денеска

од Берта Китинска
225 прегледи

До вчера во СДСМ стигнаа три кандидатури на поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски, на заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски и  Властимир Алексовски кој е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Се очекува денеска Јован Деспотовски да соопшти дали ќе биде четвртиот кандидат за партиски лидер, а можност за влез во изборната трка најави и Миле Зечевиќ.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Постапката на отворениот повик за самокандидирање започна на 27-ми ноември и трае седум дена, односно до денеска во 16 часот.

Слични содржини