Достоинствена смрт и во Србија

од desk2
177 прегледи

Во нацртот на граѓанскиот законик ќе се најде и предлог за легализација на евтаназијата во Србија.


После две години расправи, владината комисија за изработка на овој законик одлучила во последната верзија на преднацртот да пропише одредба за можноста заболените од тешки и неизлечиви болести да го завршат животот на достоинствен начин, со своја одлука или со согласност на нивните најблиски.

„Правото на евтаназија како право на согласен, доброволен и достоинствен прекин на животот, може да се оствари ако се исполнат пропишаните хумани, психосоцијални и медицински услови. Злоупотребата на правото на евтаназија поради неоснована материјална или друга полза претставува основа за кривична одговорност“, наведено е во членот 86 од преднацртот на граѓанскиот законик.