156
Американската влада смета дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е премногу подготвен да им удоволи на руските интереси, покажуваат новите „протекувања“ на доверливи документи на Пентагон кои се појавија на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си.
Документите покажуваат дека Вашингтон внимателно го следел Гутереш.
Неколку документи ја опишуваат приватната комуникација меѓу Гутереш и неговиот заменик, како и погледите на Гутереш за војната во Украина и низа африкански лидери.