Дови прв на тренингот на „Мизано“, Роси и Маркез надвор од топ 10

од Vlatko K
102 прегледи

Андреа Довициозо со Дукати беше најбрз во првата тренинг сесија пред трката на „Мизано“. MотоГП се враќа по долга пауза поради откажаната трка во Велика Британија пред 2 недели.

Викендот почна интересно, откако на вчерашната прес-конференција Валентино Роси одби да се ракува со Марк Маркез. Во првата тренинг-сесија, двајцата беа надвор од топ 10, а зад Дови завршија Кал Крачлоу со Хонда и тимскиот колега на Докторот – Маверик Вињаелс.

Дови поведе уште во првите минути на сесијата, но беше надминат од Вињалес и Маркез по средината на тренингот. Седум минути пред крајот, Лоренцо го подобри постигнувањето на актуелниот шампион Маркез со осум десетинки. Во последните минути меѓутоа тројца пилоти го престигнаа, откако најбрз од нив беше клубскиот колега во Дукати.

Зад четвртиот Лоренцо се наредија Андреа Јаноне со Сузуки и сателитскиот пилот на Дуктаи, Џек Милер, кој имаше несреќа во финалето на кривината број 1.

Дани Педроса беше на шест десетинки зад Дови и го зазеде седмото место пред сателитските пилоти на Јамаха и Дукати – Јоан Жарко и Данило Петручи.

Маркез и Роси не сменија гумите пред крајот на сесијата и останаа 13-ти, односно 15-и.

Слични содржини