Дожд ги поплави улиците на Кисела Вода (ФОТО)

од Nikola Popovski
710 прегледи

Утринскиот дожд кој наврна во неколку скопски општини, предизвика проблеми и поплави неколку улици во населбата Кисела Вода. Како што може да се види од фотографиите на социјалните мрежи, според количината на вода собрана на улицитте, воопшто не функционира атмсферската канализација.

-Секој нов дожд во Кисела Вода не потсетува на едно минато време. Новата населба Расадник! Збутани згради каде нема место за паркирање. Нема место за пешаци. Нема приод за амбулантни возила ниту за родители со детски колички.

Тротоарите се пропаднати. А за време на дожд се поплавуваат улиците.

Тоа е ново изградена населба каде граѓаните уредно си платиле комуналии и очекувале да добијат соодветно за платеното! Но сета инфраструктура е недобро направена!, се само дел од коментарите на граѓаните.

 

Слични содржини