Ланскиот финалист во ЛШ, Тотенхем потпиша нов договор за спонзорство со осигурителната
компанија АИА.

Договорот е вреден 320 милиони фунти и е за осум години. Тоа е продолжување на партнерството
меѓу двете страни, кое започна во 2013 година.
Со новиот договор, логото на компанијата ќе продолжи да стои на предната страна од дресовите на
сите тимови на „петлите“ – мажи, жени и деца – до летото 2027 година.