Дожд во Демир Капија и Удово, магла кон Попова Шапка и Крива Паланка

од Ивана Рамаданова
247 прегледи

Во Демир Капија и Удово утринава врне дожд со слаб интензитет, а намалена видливост до 50 метри поради магла има од селото Лисец кон Попова Шапка и од Крива Паланка до село Псача.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини