Дождот ја спаси ситуацијата: Изгаснат пожарот во „Јасен“

Дождот што заврна пред седум часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот што трае повеќе од десетина дена

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Дождот што заврна пред седум часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот што трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

– Но и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење, поради што по кревањето на маглата и чадот, ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки што покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери. Екипи на ЈП „Јасен“ продолжуваат со патролирање сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат, се наведува во соопштението.

Слични содржини