Дозволени свадби со 250 луѓе во затворен простор

од Берта Китинска
345 прегледи

Од 1 јули  свадби може да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот.

Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, Владата го прифатила предлогот на Министерството за економија, да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот.

Заменик министерот за здравство, Илир Хасани објасни дека подобро е да се дозволи организирање на свадби во затворените ресторани со лимитиран број на гости отколку луѓето да се собираат неконтролирно по некои ќошиња.

-Реални да бидем во Скопје имаше пред некој ден тројца заразен и еден во Биотла од 2 500 тестирања. Идејата е да се отворат и рестораните кои се затворени, но се лимитиран капацитет.Сите ресторани имаат вентилација.За нас свадбата  е собир за еден повод. Сакам да кажа дека групирања има секој ден неконтролирано по ќошињата. Секое затегнување би довело до непријатности бидејќи луѓето ќе се собираат во куќи, подобро е нешто да се конторлира отколку да се остави на милост или немилост, вели Хасани.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден  кажа дека постои огромен притисок од лицата кои сакаат да организираат свадбени прослави но дека епидемиолозите се поделени по ова прашање.

Слични содржини