ДПА: Меркел била главна цел на лажните вести во Европа

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Германскиот канцелар Ангела Меркел била главната цел на кампањите со лажни вести во Европа, вклучувајќи на лагата дека била соучесник во терористичките напади во Париз и Брисел. Ова го соопшти денеска извор, запознаен со работата на посебна работна група на ЕУ, пренесоа светските агенции.

Групата, основана во 2015 година, за да се спротивстави на пропагандата и главно на лажните информации пласирани од Русија – утврдила дека најчесто Меркел била во фокусот на дезинформационните кампањи, зачестени во 2016 година

Експертите се запознале со лажни пораки во кои се тврди дека Меркел ги  познавала исламистите, кои извршиле терористички напади во Париз и Брисел и позирала селфи со нив. Генерално експертите пронашле 2500 примерот на дезинформации на 18 јазици.

Тие истакнуваат дека сепак тоа е само врв на ледениот брег.

Најчести теми на дезинформации се претстојното распаѓање на Западот, рекламирање на Русија и претставувањето на Украина како агресор во конфликтот меѓу двете земји.