ДПМНЕ ги бранеше министрите на Таравари, но немаше став, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
230 прегледи

ДПМНЕ е партија на феномени во светски рамки со целосно загубен политички компас. Кога требаше да гласаат за своите министри во техничката влада, не ги гласаа, не ги бранеа. Целата дискусија во македонското Собрание за изборот на техничката Влада помина со еден говор на еден пратеник и заврши за само некој час. Но затоа пратениците на ДПМНЕ вчера ревносно ги бранеа министрите на Таравари кои беа разрешени, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата прашуваат зошто ДПМНЕ за своите министри не кажа ниту збор.

-ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат на државата, а нема став која е алтернативата, без членство во ЕУ. ДПМНЕ се противеше на Францускиот предлог, на пратениците на ДПМНЕ немаа став, па не гласаа кога овој предлог, беше ставен на гласање во Собранието, стои во партиското соопштение.

Со 62 гласа „за“ од 62 присутни, во две одвоени гласања, Собранието го разреши Фатмир Маџити од функцијата министер за здравство и Азир Алиу од функцијата министер за информатичко општество, на предлог на премиерот на техничката влада Талат Џафери.

Седницата почна со тричасовно задоцнување и со емоции и реакции на говорите на пратениците и техничкиот премиер Талат Џафери, кој својот предлог за смена на двајца министри од „Алијансата на Албанците“ го оправда со барањата на законот да има претставници на само една опозициска партија во техничката влада..

Меџити и Алиу го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој најави дека партијата треба да се приклучи на албанскиот опозициски блок на претстојните избори. Предлогот на Таравари наиде на реакција на поранешниот претседател на партијата Зијадин Села, кој рече дека одлуката на Управниот орган на партијата е самостојно да учествува на изборите и дека никој не може сам да одлучува за таа позиција. Тоа предизвика практичен раскол во Алијансата на Албанците, а расправата во пленарната сала прерасна во предизборни напади меѓу пратениците од поединечните партии и повикување на претстојните парламентарни избори на 8 мај.

Во центарот на говорите на опозицијата, која исто така беше поактивна во дебатата, но не учествуваше во гласањето, беше најголемата албанска партија ДУИ, која според крилото на Таравари во Алијанса е „виновникот“ на тековниот раскол во партијата, што се одразува и во техничката влада.

Во оваа насока беше и говорот на веќе разрешениот министер Алиу, кој емотивно зборуваше за опструкциите што ги имал од ДУИ, додавајќи дека уште со влегувањето на неговата партија во владата на земјата пред една година, се изјасниле дека ќе бидат опозиција. Алиу го обвини министерот за политички систем Артан Груби, дека ги донел одлуките за разрешување на директорите на неколку институции, предложени од АА кои не ја поддржуваат владеачката партија.

Седницата на Собранието во Скопје во понеделник ќе продолжи со втората точка на дневен ред – гласање за Илир Демири за министер за здравство и Наим Бајрами за министер за информатичко општество и администрација, предложени од премиерот Џафери.

Слични содржини