ДПМНЕ излегува многу несериозна – Декларацијата за Илинден е поднесена на 28. јули, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski
431 прегледи

СДСМ утрово преку соопштение ја праша „ВМРО-ДПМНЕ дали има капацитет доволно да ги следи политичките случувања во земјава“. Од партијата на власт велат дека Декларацијата за Илинден е поднесена во Собранието уште на 28-ми јули.

За поднесувањето и јавно информиравме. Согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците. Покажувајќи вакво незнаење ДПМНЕ излегува многу несериозна, порачуваат од „Бихаќка“.

 

Ваквата реакција следува откако претходно партијата на Христијан Мицкоски соопштија дека Декларацијата не била поднесена. 

Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДСМ и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа? До каде е и што содржи таа Декларација? Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Консензус за уставни промени нема. Консензус е можен само за одржување на предвремени парламентарни избори, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини