Др.Бухова: Една посета во Ковид одделение може да значи и посетителот да стане позитивен

од Берта Китинска
325 прегледи

Не постои протокол во лекувањето на болните од ковид 19 дека може да влезе цивилно лице за да им биде придружба или да биде во посета, објаснуваат од

Директорката на Државниот Санитарен Инспекторат, Ирина Бухова за Канал 5 изјави дека во претходниот период добивале пријави дека роднини влегувале во ковид центрите, но кога заминувале на терен во болнците немало пристуни цивили.

Таа вели дека кога инспекторите одат на редовен надзор имаат обврска посетата да пријават во болницата, а доколку надзорот е вонреден при самото чекање на инспекторот за влез во болницата веднаш се дознава дека инспекторот е пред болницата.

– Една посета во Ковид одделение може да значи и посетителот да стане позитивен и пациент, може да значи расејување на инфекцијата кога ќе излезе од Ковид одделение.Одреден граѓанин кој бил во Ковид центарот наводно бил предупреден дека доаѓа инсепкцијата и да го напушти одделението на саат-два. Доколку е тоа точно , самиот инсепкциски надзор ќе биде нсупешен, кажа Бухова.

Слични содржини