Др.Даниловски: Mногу лесно може да се соочиме со македонски мутант ако не се забрза вакцинацијата

од Берта Китинска
379 прегледи

Потребно е многу брзо поголем број на граѓани да се вакцинираат за да се спречи појавата на нови мутации, изјави доктор Драган Даниловски за Сител.

-Ние многу лесно може да се соочиме со македонски мутант како Индиците со индискиот, Јапонците си имаат свој, Калифорнија има калифорниски и итн…бразилскиот, јужноафриканскиот, значи можни се такви мутации кои може да го направата вирусот да избега од обрачот кој се стега околу него со вакцините  од една страна, а од друга страна со стекнувањето на колективен имунитет на природен начин само ако брзо реагираме и опфатиме поголем дел од популацијата може да сметаме дека ќе му застанеме на патот на вирусот да не измутира, вели Даниловски.

Слични содржини