Др.Исјановски: Празничните дружења може да предизвикаат ширење на „флурон“

од Берта Китинска
441 прегледи

Има размислувaња дека бројот на денови за изолација треба да се намали и jас се согласувам со тоа. Новиот сој омикорн има полесна клиничка слика и брзо се шири и веќе е присутен во земјава.Комисијата за заразни болести можно е да одржи состанок во понеделник па таму да бидат изнесени ставовите на епидемиолозите, имунолозите, микробиолозите и останатите стручни лица,вели во изјава за „Локално“, д-р Виктор Исјановски.

Новиот вид на инфекција „флурон“ (комбинација на грип и ковид 19) кој денеска беше детектиран кај 26 –годишен пациент од Зајас кој се вратил од пат од САД, според Исјановски може да се рашири поради престојните празнични денови.

-Има шанси новиот вид на инфекција да се пренесе поради празниците кои се пред нас, луѓето сакаат да се дружат со пријатели.Едноставно нешто што може да се превземе е да се почитуваат основните препораки кои се дадени од министерството за здравство, обајснува директор на ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје, додавајќи дека сите дози вакцини за сезонски грип кои биле доставени до нивната здравствена установа поради зголемениот интерес се веќе искористени и не се очекува да пристигнат нови количини.

Што е флурон и кои се најчестите симптоми?

Последната откриена варијанта на ковид 19 е омикрон, а Светската здравствена организација оттогаш не идентификувала друга варијанта.

Веднаш по појавата на првите случаи на заболени истовремено и од грип и од ковид 19, во научните кругови се појавија мислења дека станува збор за уште понова варијанта на коронавирусот. Но, научниците веќе потврдуваат дека се работи за флурона, болест кога во еден организам истовремено се детектираат и ковид-19 и инфлуенцата.

Лекарите велат дека и грипот и Ковид 19 се болести кои влијаат на респираторниот систем и имаат слични симптоми.

Според Светската здравствена организација, симптомите и на грипот и на ковид 19 варираат од сличност до сличност, но постои група на исти симптоми кои се забележани кај пациентите.

Тие вклучуваат губење на чувството за вкус и мирис, треска, кашлица, отежнато дишење, губење на апетит, постојана болка во градите. СЗО вели дека случаите со благи симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација.

Сепак, постојат потешки симптоми на флурон, а тие може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.

Слични содржини