Директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје проф.др. Виктор Исјановски во гостувањето во „Студио 10“ информираше дека имунизацијата со „Астра Зенека“ досега на сите пунктови во Скопје тече уредно.
-Во утринските часови започна масовната вакцинација која засега тече уредно. Сите граѓани кои имаа закажано термини се повикани. На пунктовите има двајца доктори и по три сестри во смена. Се почитуваат сите протоколи.Во моментов започната е имунизација во Скопје, во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“. Воедно во „Јане Сандански“ се врши ревакцинација со „Спутник В“ на докторите кои ја примија првата доза, оваа поликлиника ќе работи и во сабота.Наскоро ќе започне и имунизацијата во Борис Трајковски каде нашите тимови ќе ги вакцинираат граѓаните, изјави Исјановски.
Тој соопшти дека досега нема откажани термини иако изминативе денови се дебатираше за тоа за која популација ќе биде наменета вакцината „АстраЗенека“. Како што информираше Исјановски термините за вакцинација се резервирани до 13 април.