Комисија ќе го испитува случајот со прегласната музика во поликлиниката Драчево

од Nikola Popovski

Д-р Виктор Исјановски од Здравствениот дом-Скопје информираше дека ќе се формира комисија, која треба да го испита случајот со прегласната музика во поликлиниката Драчево. Тој појасни дека ја видел снимката од веселбата во понеделникот, меѓутоа на неа немало вработени, ниту пациенти, туку само некое лице како снима музика во некои долни простории.

-Не можам никого да обвинам ни дали тоа било во утринските часови, дали било во попладневните часови. Затоа што таа поликлиника не работи во попладневните часови. Дали било во ноќните часови, затоа ќе си се формира комисија и соодветно ќе се реагира, појасни Исјановски.

Новиот директор на Здравствен дом – Скопје, Вулнет Селими пред два дена најави санкции.

-По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на Клиниката, што и според него е над нормалното, напиша Селими на Фејсбук.

Потенцира дека за овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на клиниката и против дежурниот лекар одговорен на денот кога се случила оваа сцена.

Слични содржини