Др.Лазаров: Делта варијанта рапидно расте, народот не е свесен што се случува

од Берта Китинска
299 прегледи

Доктор Ненад Лазаров преку својот Фејсбук профил предупредува дека се уште не е крај на пандемијата.

-Т. н. делта варијанта на SARS-CoV-2 стана доминантна во >96% во Велика Британија, Русија, Португалија, а рапидно расте и во Америка каде за една недела, бројката отиде од 10 на 31% од секвенционирани.Кај нас, пауза на вакцинален процес 3 дена и намалено темпо наредните!Уште немаме вакцини а оние со кои планирааат масовна имунизација се дискутабилни за оваа мутација, а треба и да ги добиеме прво.Одговорност никој не чувствува од одговорните за овој дебакл, 20.000 сограѓани се вакцинираат во Србија за еден викенд, секој бара спас.А, народ не е свесен што се случува и дека не е се готово. Ми се повраќа од она што најверојатно не очекува пак, пишува Лазаров.

Слични содржини