Др.Лазаров: Велес треба да се изолира на недела дена по регистрираниот случај со делта сој

од Берта Китинска
362 прегледи

Доктор Ненад Лазаров  предлaга Велес да се изолира на една недела.

-Велес треба да се изолира на недела дена, учете од Австралија, напиша Лазров.

Во текот на вчерашниот ден потврден е четврти случај на заразен со делта сој на коронавирусот во нашата држава, а четири други лица се суспектни.

-Новорегистрираниот со индиската варијанта се лекува во болницата во Велес и е со лесна клиничка слика. Од четирите суспектни на делта сојот, едниот е во лоша здравствена состојба, приклучен на респиратор, а три лица се со стабилна клиничка слика, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Слични содржини