Ние неможеме да реализираме и да постигнеме успешна и комплетна вакцинација на основните смртоносни и животно загрозувачки болести кај децата, па правиме муабет за Ковид и вакцинација од Ковид кога родителите на овие деца се потенцијалните примачи на вакцини, пшишува во својот Фејсбук профил, д-р Елена Манолева-Николовска, осврнувајќи се на антиваксерската кампања.
„ Вчера ми доаѓа мајка со 18 месечно дете, гордо ми кажува дека детето сеуште не е вакцинирано ништо од родилиште па навака вклучувајќи и БСГ која се прима во родилиште. За ДТП, Полио не правиме муабет нели!? За МРП… Ма како, па тоа предизвикува аутизам. Што ви е на Вас… лудаци доктори.
Нејсе… Ова дете ќе преживее, ќе се лечи 6-12 месеци и ќе се излечи. Но… фиброзата (лузната) на белите дробови ќе ја носи цел живот и кога тогаш ќе направи проблеми во дишење, белодробен капацитет итн. ( да не гњавиме ние докторите нели со нашата наука).
Си седам и си мислам: имам уште најмалку 20 години работен век пред себе како педијатар. Се прашувам за колку време од сега ќе почнам да гледам дифтерија, пертузис, полиомиелитис и смрт и осакатеност од овие болести кај децата и општата популација. Највероватно брзо, како тргнало за 5-10 години од сега.
Како и да е … главните инфлуенсерки на фб со медицинска диплома стекната на Гугл рекоа дека не е безбедно да се вакцинираме.Ние неможеме да реализираме и да постигнеме успешна и комплетна вакцинација на основните смртоносни и животно загрозувачки болести кај децата, па правиме муабет за Ковид и вакцинација од Ковид кога родителите на овие деца се потенцијалните примачи на вакцини.
А сега може да се вратите на вашите инфлуенсерки. Чисто се сомневам дека тие ќе ве држат за рака додека во болница бдеете над здравјето и животот на вашите деца.
Бидејќи во отсуство на добро организиран здравствен и правен систем само тоа и ви останува., пишува таа.