Др. Пановски: Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза од „Фајзер“

од Берта Китинска
355 прегледи

Професор д-р. Никола Пановски смета дека полицискиот час ќе го намали бројот на новозаразени, но оваа мерка ќе го одложи само проблемот.

-Ќе видиме дали со оваа мерка ќе ја издржат болниците, мислам дека полицискиот час е доволна  во смисла да се спаси економијата.Голем отпор кај населението ќе дојде доколку се воведе целосен карантин односно како изминатиот период кога имавме тридневно заклучување. Во одредени земји е јасно зошто се става карантин, како пример во Германија каде е во тек вакцинацијата. Таму по два месеци ќе имаат имунизирани луѓе, а вирусот нема да се прошири. Кај нас само ќе се намали бројот на заразени  и ќе го одложиме проблемот, бидејќи во овие моменти далеку сме од имунизација, вели Пановски во „Студио 10“.

Тој изјави дека резултатите по примањето на вакцината Фајзер се фасцинантни.

-Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100“ – вели Пановски.

Слични содржини