Др.Пановски: На есен е можно ширење на индискиот сој, особено меѓу младите и невакцинираните

од Берта Китинска
632 прегледи

Во земјава пред неколку дена беше   регистриран   втор случај  позитивен на индискиот сој на ковид 19. За тоа кои се симптомите на делта сојот и дали треба да постои загриженост кај граѓните „Локално“ поразговара со професор доктор Никола Пановски.

Според микробиологот двата досегашни случаи се под контрола и не можат да го шират вирусот, но мора будно да се седли состојбата со епидемијата.

-Доколку се  случи негово ширење кај нас, треба брзо да се реагира и за жал, повторно да се воведат рестрикции. Сепак, на отворено и индискиот сој се шири потешко, треба да се продолжи со мерките од носење маски во затворен простор, вели Пановски.

Едно лице може да зарази во просек пет лица

Она по што се разликува делта или индискиот вид од другите мутации е неговата брза преносливост, обајснува професорот Пановски.

-Делта варијантата има пет карактеристики кои ја разликуваат од другите две широко раширени варијанти, алфа (британска мутација) и бета (јужноафриканска), како и од оригиналот (Вухан). Брзо се шири низ целиот свет.За 30 до 100% е позаразен од алфа сојот, кој инаку за толкав процент беше позаразен од оригиналот. Тоа би значачело дека едно лице може да зарази во просек пет лица.Побргу се јавуваат симптомите, главоболка, гушоболка, секреција од носот, нема губиток на вкус и мирис. Кај младите дава слика на настинка. Почеста е хоспитализацијата со делта сојот, отколку со алфа сојот. Една доза на вакцина заштитува само 30% од инфекција со симптоми, но две недели по примени две дози од Фајзер или Астра Зенека заштитувааат солидно од делта сојот, околу 90%, само некој процент помалку во однос на алфа варијантата, вели докторот.

Пановски напоменува дека иако во моментов имаме стабилна епидемиолошка состојба  со појавата на мутациите како и индискиот сој таа може да се промени за еден месец.

-Додека е топло времето тоа не би бил силен бран, но на есен е можно ширење на вирусот, особено меѓу младите, невакцинираните, а и меѓу некомплетно вакцинираните, вели тој.

Масовната вакцинација можеби ќе го спречи ширењето на нови мутации

Според микробиологот што помалку му се овозможи на вирусот да се размножува, помали се шансите да се повајват и создадат нови опасни мутации.

-Кај нас главен адут за сега ни се голем број на лица, особено млади, кои биле во контакт со вирусот и имаат имунитет. Главна стратегија е масовната вакцинација, можеби и трета доза со модифицирана вакцина, со поширок спектар на заштита. Кај нас оваа стратегија на масовна вакцинација доцни, а доминантни се и ќе бидат кинеските вакцини, за кои се надеваме дека ќе штитат и од делта сојот. За сега се знае дека штитат од тешки форми на болеста. Во опција остануваат и непопуларните рестриктивни мерки, ефикасни во спречување на ширење на инфекцијата, но со страшни последици врз економијата и психата на луѓето, вели Пановски.

Б.М.

Слични содржини