Др.Пановски: Совет за долговечност е да не прашуваш партија, да правиш како што мислиш

од Берта Китинска

Целта со кандидатурата ми беше да ги смирам двете партии. Бев кандидат на ЛДП-ДОМ, но се преценивме и добивме само двајца советници на град Скопје, вели за Утрински Брифинг, д-р  Никола Пановски кој беше носител на листа за советници на Град Скопје како кандидат на ЛДП-ДОМ во врска со мотивите за политички ангажман.

-Гласовите отидоа кај независните, а голем број и не излегоа на гласање. Јас сакав да се најде третиот пат. Во вториот круг не очекувам поголема излезност, вели тој.

Во врска со шареноликоста на составот на луѓето во советот дали тоа носи можност за балансиран пристап, Пановски вели дека нема да ја прашува партијата какви одлукиќе носи.

-Не прашувам партија што да правам, ќе правам тоа што мислам. Тоа е совет за долговечност, вели д-р Пановски.

Слични содржини