Др.Петличковски: Ако Англија ги тргне маските, не треба ние веднаш истото да го направиме

од Берта Китинска

Комисијата нема да работи на принцип ако Англија ги тргне маските, дека и ние веднаш треба да го направиме истото.Нема толку еднострано да ги прифаќаме работите, ќе ги следиме сите научни сознанија по што ќе произлегуваат низа препораки, кажа новоназначениот претседател на Комисијата за заштита од заразни болести, Др. Александар Петличковски.

Во врска со физичкото присуство тој нагласи дека со применување на строгите протоколи, со проветрувањето, со брзото изолирањето на оние кои имаат сиптоми, но сепак со инсистирање на физичкото присуство, најмалку што сакаат е да наштетат на психо-физичкиот развој на децата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Петличковски рече дека брзите тестови имаат помала специфичност за детектирање на омикронот отколку на делта сојот. Таа специфичност, како што рече, се движи некаде над 50 отсто и ќе бидат некако употребливи.

Слични содржини