Др.Ристовски: Пациентите од страв да не се заразат в болница, остануваат дома

од Берта Китинска

„Две одделенија во општа болница „8 Септември“  за лекување на ковид пациенти се затворија, намален е бројот и на починати и на бројот на хоспитализација“, вели др.Владимир Ристовски од општа болница „8 Септември“ во 24 Анализа.

Тој смета дека бројот на тестирани е зголемен поради летните одмори.

„Забележан е пад на број на заболени. Бројот на починати постепено ќе се намалува во моментов бројот  е зголемен поради пациентите кои подолг период се лекувале во болница“, вели Ристовски.

Во однос на смртноста од ковид Ристовски вели дека за да се пружи квалитетна услуга, треба да има персонал. Персоналот ги следи сите протоколи и секој пациент бил еднакво третиран и со користење на ивермектинот во почетна фаза на болеста.

Потенцираше дека пациентите се плашат да дојдат в болница на лекување од страв да не се заразат и остануваат дома и поради тоа се јавуваат компликации и последици.

 

Слични содржини