Новата коктетел терапија од моноклонални антитела е наменета за пациенти кај кои очекуваме развој на тешка клиничка слика и сериозни последици од инфекцјата со коронавирусот, објаснува во разговор за „Локално“,директорката на Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, др.Милена Стевановиќ.
Според досегашните искуства во светото, Стевановиќ вели дека користењето на овој лек претставува голема надеж за поголем исход на болеста.
Терпијата е наменета за пациенти кои се со сериозни хроични болести и повеќе коморбидитети. Препораката за негова употреба е во првите денови од инфекцијата со цел да го спречи развјот на вирусот, објаснува Стевановиќ.
Не постои волшебна формула која ќе го спречи ширењето на новиот бран
Во однос на тоа дали може кај нас да се воведат т.н. ковид слободни зони кои би биле заштитени од останатите градови каде има поголем број на заболени, доктор Стевановиќ смета дека исклучително е тешко да се организираат и сочуваат “чисти” зони.
-Практично според бројката на новорегистрирани и активни случаи во државата има многу мал број на ковид позитивни пациенти. Летото интензивното движење и патување низ и надвор од земјата ќе придонeсе за ширење, но и внесување на новиот делта сој низ државата, затоа е неопходно индивидуално секој да се придржува до основните мерки за штита од ковид-19, вели директорката на Инфективна.
Вакцинацијата на децата и младите ќе допринесе до постигнување на поголем колективен имунитет
– Вакцинацијата е единствено оружје со коe може да се бие битката со ковид-19 и единствен начин да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите семејства. Апсолутно се согласувам со превземање на сите неопходни мерки за зголемување на бројот на вакцинирани. Не постои волшебна формула која ќе го спречи ширењето на новиот бран, сем масовното применување на најосновните мерки и кога ќе кажеме дека од секој од нас зависи тоа не слоган од кампања туку реалност. Рестрикциите во движењето секако може да бидат една од мерките за згоемување на бојот на вакцинирани, и подигање на свеста од неопходноста на вакцинација, смета Стевановиќ.
Според неа вакцинацијата на децата и младите ќе допринесе до постигнување на поголем колективен имунитет за пократко време.
-Мој впечаток е дека има многу заинтересирини млади луѓе и родители на деца кои сакаат да се вакцинираат, вели таа.
Б.М.