Драган Вучиќ испратен во вечниот дом

од Берта Китинска
379 прегледи

На градските гробишта во Бутел денеска беше погребан композиторот, пејач и водител, Драган Вучиќ, кој вчера почина како последица од коронавирусот, пренесува mms.mk.

На погребот присуствуваа неговит син Мартин со сопругата и уште тројца  членови од семејството. Сопругата на Драган, Весна не присуствуваше на погребот.

Посмртните останки на Драган беа пред капелата, каде се палеа свеќи и се запишуваа во книгата на жалост. „Почивај во мир легендо“, „Нека ти е лесен патот кон ангелите“, „Никогаш нема да те заборавиме, легендите не умираат“ се само дел од пораките кои беа запишани во книгата на жалост.

Слични содржини