Според српски Телеграф, Северина го загрозила синот Александар кога наводно, викендот на 7 и 8 март, наместо да биде со него, заминала на настап во Швајцарија, оставајќи го детето со роднини.
Ситуацијата кулминирала кога роднината која го причувала тој ден детето го однела во игротека, во која имало повеќе од 100 деца, а контактите биле неизбежни. Во прилог на ова тврдење одат и фотографиите кои биле објавени, а се токму од настапот во Швајцарија.
Таткото Милан Поповиќ вели дека ова е уште една потврда дека Северина постојано го запоставува детето, а во медиумите се жали за одземеното старателство. Северина на тоа напишала:
„Јас сум само една мајка на дете кое пред 117 дена беше однесено од своето креветче. Мојот коронавирус трае од 28.11.2019 кога дознав дека синот ми е одземен.“
Поради состојбата со вирусот, Поповиќ е во самоизолација. Северина отишла во термини кога требало да го земе детето, но таткото не ѝ дозволил бидејќи е ризично. Пејачката на Инстаграм објави како стои пред станот на Поповиќ во Белград.
„Од саботата чекам да го видам. Не ми дозволи, рече во понеделник, па се предомисли. Денеска кога треба да го прегрнам своето дете, татко му прогласува самоизолација поради патување на кое бил на 7 и 8 март, а не ме известил“, вели Северина, која наводите на медиумите не ги искоментира.