ДРАМА во Аргентина: Летот на Меси одложен поради предупредување за БОМБА

од Stefanija Kuzmanovska

Лионел Меси повторно има проблем со летовите. Минатата година неговиот приватен авион слета двапати поради дефект, а сега тој се соочува со друг вид на проблем, бидејќи на аеродромот во Росарио пристигна пријава за бомба на аеродромот во моментот кога се подготвуваше да полета со неговиот приватен авион .

Човек тврдел дека има бомба во куферот, што предизвика драма и итна евакуација на аеродромот, па сите летови беа одложени, вклучително и летот што Меси требаше да го има од родниот Розарио до Шпанија, по освојувањето на Копа Америка, што беше негов прв голем трофеј со Аргентина.

Иако инцидентот беше решен за помалку од еден час, тоа доведе до одложувања на многу летови, вклучувајќи го и тој на Меси.

Малиот волшебник во моментов е сè уште слободен агент, бидејќи неговиот договор со Барселона истече и се чека исходот од таа ситуација.

Ок „Ноу Камп“ тврдат дека нема проблеми и дека Меси ќе потпише нов договор.

Слични содржини