Авионот на „Рајанер“ слетал безбедно на главниот аеродром во Осло, откако добил закана за подметната бомба бомба додека бил во воздух, објави денеска норвешката полиција на својот профил на Твитер.

Ситуацијата не е решена, голем број полицајци се на лице место, соопшти полицијата и додаде дека сите патници биле евакуирани безбедно, пренесе Ројтерс.
Авионот летал од лондонскиот аеродром Стенстед кон Осло.