Драма во Букурешт: Брутално осминафинале меѓу Франција и Швајцарија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

После спектаклот во Копенхаген помеѓу Хрватска и Шпанија, се случи уште еден неверојатен натпревар меѓу Франција и Швајцарија, како дел од осминафиналето од ЕУРО 2020.

По првото полувреме во Националната арена во Букурешт, Швајцарија успеа да дојде до водство од 1-0 против репрезентацијата на Франција, а овој шок на Дешамп и неговите фудбалери го приреди Харис Сеферовиќ во 15. минута.

По ова, Франција со три гола (два на Бензема и еден на Погба) од 57. до 75. минута успеа да направи пресврт и од нокдаун да стаса на прагот да ја нокаутира Швајцарија.

И кога се чинеше дека Швајцарците ги загубија сите шанси, а не искористија и пенал, во Сеферовиќ во 81 и Гаврановиќ во 90 минута постигнаа два гола и го носат мечот во продолжение.

Во тек е второто продолжение, а натпреварот е се уште 3:3.

Слични содржини